Дали знаете што претставува овој сообраќаен знак?!

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Овој знак беше воведен на германските патишта во 2020 година. Дополнителниот знак означува заедничко патување со најмалку три лица во возилото и, следствено, придобивките што ги имаат овие возачи и патници.

Така, на возилата со најмалку три лица треба да им се дозволи да ја користат автобуската лента или лентата за такси, односно многу побрзо пристигнување на дестинацијата, пишува t-online.de.

Доколку возачите ја користат оваа лента, а во автомобилот нема вкупно три лица, прекршокот ќе биде казнет со глоба од 55 евра.

Целта е да се намали индивидуалниот сообраќај и да се промовира здружувањето со автомобили.

Слични содржини