Дали знаете што значи „i“ во iPhone – ќе се изненадите

од Nikola Popovski
193 прегледи

Веројатно познавате многу луѓе кои имаат „iPhone“ или барем некој производ на “Apple“. Многумина едноставно мора да го имаат бидејќи се со елегантен изглед, лесни за употреба и безвременски. Но, дали ја знаете вистинската причина зошто телефонот се нарекува „iPhone“?

Има многу производи на Apple кои започнуваат со „i“, не само со iPhone – тука се и iPod, iMac, iTunes и други. Но, дали некогаш сте се запрашале што всушност значи префиксот „i“?

Ова прашање често се поставува на социјалните мрежи, некои претпоставуваат дека буквата „i“ би можела да претставува зборови како „интелигентен“ и „незаменлив“, додека други дури мислат дека значи „јас и мојот телефон“, пренесува „N1 Загреб“.

Не треба повеќе да се прашувате, бидејќи во 1998 година, Стив Џобс откри што значи и тоа всушност не е само еден збор, туку пет.

„Readers Digest“ објавува дека Стив Џобс соопштил дека „i“ ги означува зборовите „интернет, индивидуално, инструкции, информира и инспирира“.

Тој исто така истакнал дека тоа не е официјалното значење, алудирајќи на знакот што потенцијално значи „лична заменка јас“ и „упатство“.

Така, се чини дека „i“ сепак би можело и понатаму да биде отворено за размислување, пишува „Mirror“.

На почетокот на овој месец, корисниците на iPhone исто така беа збунети кога дознаа дека можат да го прилагодат својот заклучен екран за првпат.

Слични содржини