Дали знаевте дека во Европа постои уште еден папа? Папата Петар не го признава Ватикан!

од Марта Пешевска
201 прегледи

Во малото шпанско село Ел Палмар де Троја, постои христијанска црква која тврди дека нивниот лидер е единствениот вистински Папа, додека односите со Ватикан се прекинати уште од 1978 година. Се работи за Палмарската христијанска црква, која ја води Маркус Јозеф Одермат (59), познат и како Папа Петар III.

Историјата на оваа црква е тесно поврзана со настаните во Ватикан по смртта на папата Павле VI во 1978 година. Палмарската црква тврди дека Римската курија го дрогирала папата со цел да му ги отежни должностите. Во тој период, во Шпанија се појавил Клементе Домингез Гомез, човек кој тврдел дека имал виденија од Дева Марија, која го осудувала прогресивизмот во Римокатоличката црква. Домингез тогаш го основал својот религиозен ред, тврдејќи дека дејствува по упатства од самата Марија.

Во мај 1976 година, го изгубил видот како последица на сообраќајна несреќа, но продолжил да тврди дека имал виденија, кои му рекле дека ќе стане новиот папа, наследник на Павле VI. Во 1978 година, тој се прогласил за папа Григориј XVII, а неговите следбеници го прекинале контактот со Ватикан, сметајќи го за ерес и лажен пастир.

Палмарската црква смета дека смртта на папата Павле VI означила крај на вистинската христијанска вера во Римокатоличката црква и дека на неговото место е избран лажен папа – Јован Павле I. Оваа црква верува дека единствениот легитимен папа е Григориј XVII, а потоа и неговите наследници, Папа Петар II и Папа Петар III.

Палмарската христијанска црква се претставува како „Една, Света, Католичка, Апостолска и Палмарска Црква“ и тврди дека сите свештеници и епископи кои не се дел од неа немаат валидна свештеничка власт. Црквата има околу 1.000 до 2.000 верници, и иако не е призната од Ватикан, продолжува да тврди дека е единствениот вистински христијански пат.

Слични содржини