ДАМАСК СЕ ОГЛАСИ ПО АМЕРИКАНСКИТЕ НАПАДИ: Тоа е агресија и лош почеток на политиката на Бајден!

од Nikola Popovski
296 прегледи

Сириските власти денеска го осудија како „агресија“ американскиот напад врз позициите на проиранските борци во таа земја, оценувајќи дека тоа е „лош почеток“ за политиката на новата американска администрација на претседателот Џозеф Бајден.

„Оваа агресија е лошо навестување за политиката на новата американска администрација, која сака да се придржува кон меѓународниот легитимитет, а не на законот на џунглата, по што се водеше претходната американска администрација“, објави сириското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се предупредува на ескалација на ситуацијата во регионот.

Утрово американската армија, по наредба на претседателот Бајден, изврши напади врз инфраструктурата што ја користат екстремистички групи кои го поддржуваат Иран во источна Сирија, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

Според Гласот на Америка, ова е прва воена акција откако Бајден стана претседател.

Слични содржини