Данците објавија совети за тоа како да заштедите гориво

Можете да заштедите пари и истовремено да ја заштитите животната средина ако се придржувате до неколку едноставни правила при возење бензински или дизел автомобил. Еве што е потребно

од Кристијан Димков
10 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин

Секој пат кога ќе седнете зад воланот на вашиот бензински или дизел автомобил, имате можност да заштедите – едноставно возејќи економично.

Примената на неколку совети може да ви заштеди стотици евра годишно. Помалата потрошувачка на гориво не е добра само за вашиот буџет, туку и за животната средина, пишува данскиот портал ФДМ.

При купување, обрнете внимание на потрошувачката на гориво. Автомобил со помала потрошувачка значи секојдневна заштеда и пониски годишни трошоци (на пример, за регистрација). Ако често возите на подолги релации и по автопат, размислете за дизел возило кое ги исполнува најмалку стандардите Euro 6d.

Забрзувајте постепено (приближно со половина гас) до посакуваната брзина. Следете го сообраќајот пред вас и одржувајте растојание, бидејќи повторното забрзување по кочење ја зголемува потрошувачката. Ако можете, дозволете возилото полека да „лизга“ кон семафорот кога свети црвено светло.

Кога моторот работи под големо оптоварување, троши повеќе гориво. Зголемувањето на брзината од 110 на 130 км/ч може да ја зголеми потрошувачката и до 20%. Возете во највисок можен степен на пренос и обидете се да одржувате константна брзина – на пример, со помош на темпомат. Наглите забрзувања значително ја зголемуваат потрошувачката.

Ако ве интересира дополнителна едукација за економично возење во сопственото возило, постојат специјализирани курсеви за безбедно и штедливо возење.

Исклучете ги дополнителните потрошувачи како греењето на задното стакло, клима-уредот или греењето на седиштата кога не ви се потребни. Исклучете го моторот ако подолго време стоите – работењето во празен од го троши горивото и ѝ штети на животната средина. Редовно одржувајте го возилото и внимавајте на притисокот во гумите – се препорачува да биде на горната граница од препорачаните вредности. Овие податоци можете да ги најдете во прирачникот на возилото или на внатрешната страна од капакот на резервоарот за гориво.