
Дангов во „Титаник 2“: Без докази на Срцев му се импутира наводно незаконска одлука на ДИК


Според Дангов, Срцев и да сакал не можел да направи кривично дело со дигање на раката и давање на својот глас за прифаќање на приговорот, бидејќи одлуката за поништување на гласањето на избирачкото место во Струмица за која гласал се носела со мнозинство гласови и се потврдува од Управниот суд.
– Што прави обвинителството. Без докази на Сашо Срцев му се импутира дека заедно со други обвинети членови на ДИК донеле наводно незаконска одлука за поништување на гласањето без да наведат соодветна причина. Не е доволно да се раскажуваат неколкуте фази во кои се спроведувало гласањето на избирачкото место и наводно поради несовпаѓања на образложенијата и одлуките да се докажува наводен начин на извршување на кривично дело, изјави Дангов.
Дангов, исто така, се приклучи на наводите од претхидните адвокати за ненадлежноста на СЈО.
– Овој суд е надлежен да донесе ослободителна пресуда, бидејќи постапката против Сашо Срцев е водена од неовластен тужител, изјави Дангов.
Претходно во завршен збор ослободителна пресуда побараа и лидерот на ДПА Мендух Тачи и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими и Влатко Сајковски.
Во „Титаник 2“ обвинети се и екс директорот на УБК Сашо Мијалков и екс членот на ДИК, Анета Стефановска.
Пауза до 17:15, кога ќе продолжат со завршни зборови останатите обвинети
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.