Дани Алвеш му ги врати парите за одбрана на таткото на Нејмар

од Симе Стоиков
236 прегледи

Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш, осуден во Шпанија за силување, вратил 150.000 евра кои таткото на Нејмар му ги позајмил за да ја плати одбраната.

„Дани Алвеш му врати 150.000 евра на Нејмар (таткото) пред една недела“, изјави адвокатот.

Таткото на бразилскиот фудбалер Нејмар во јануари изјави дека финансиски му помогнал на Алвеш, кој тогаш се уште не беше осуден, што предизвика големи критики во Бразил.

Во март, еден месец пред Алвеш да биде осуден на четири и пол години затвор, таткото на Нејмар негираше дека тој, неговиот син или неговото семејство ќе ја платат кауцијата од 1 милион евра, одредена од шпанскиот суд за условното ослободување на Алвеш во очекување на жалбата.

На 25 март, откако плати кауција, Алвеш беше ослободен од затвор, каде што беше од крајот на јануари 2023 година.

Слични содржини