„Забележуваме дека има сериозни тврдења кои ја доведуваат во прашање независноста на медиумите во Македонија, на судството и почитувањето на основните демократски права кои Владата е посветена да ги заштити, изјави американскиот амбасадор во ОБСЕ, Даниел Баер покажувајќи сериозна загриженост за политичките случувања во Македонија.
Загрижени сме од влијанието на Владата врз медиумското покривање на актуелната ситуација и дека тоа може да ја попречи дебатата по прашања од јавен интерес. Карактерот на овие прашања бара итно внимание од македонските власти – граѓаните не заслужуваат ништо помалку”, изјави Баер во изјава која беше објавена и на твитер профилот на американската мисија.
Во неговата изјава се додава дека политичките лидери во Македонија од сите страни можат да побараат совет и поддршка од мисијата на ОБСЕ.
