Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски се огласи и притоа кажа:
-Почитувани,Денеска сум информиран дека од страна на обвинителката Лидија Раичевиќ е поднесен обвинителен предлог против мене за наводно несовесно вршење на службата во својство на член на Централната комисија за ваучери во 2020 година.
За мене очекуван чин кој е круна на напорите на гореспоменатата обвинителка која истовремено отвори истрага и за одржаното Изборно Собрание на МОК како што и пројави посебен интерес за неколку останати спортови со посебен афинитет кон пливањето.
Со големо задоволство ќе соработувам со судот каде мора да дојдеме до вистинските заклучоци и при тоа да не оставиме простор за понатамошни шпекулации и инсинуации.
На крај, моето совесно или несовесно работење е константно на увид и оценка на спортските федерации, клубови и спортисти кои најдобро знаат колку мерката ваучер и јас лично сум им помогнал во секоја прилика без исклучок. Затоа веројатно и ја уживам нивната безрезервна поддршка сето ова време.
Воедно сакам да информирам дека од Советот на јавни обвинители побарав да биде оценето постапувањето на обвинителката со детално образложение за непримерниот и непрофесионален однос спротивен на кодексот на обвинителската функција