Даниел Крег добил 100 милиони долари за две продолженија на „Knives Out“

од Vladimir Zorba
516 прегледи

Пред десет години, холивудските sвезди знаеја дека нивното место на А-листата е безбедно доколку нивниот филм го заземе првото место на благајните.

Денес, успехот може да се измери и со поглед на Нетфликс или соопштение за печатот за популарноста на филмот на HBO Max. Дигиталната револуција можеби драматично ги промени работите, но филмските актери заработуваат повеќе од кога било.

Заработката од 20 милиони долари по филм беше стандард во 90 -тите, но денес таа сума е многу поголема.

Списанието „Вараjети“ објави листа на најплатените актери на денешницата, а на прво место беше британскиот актер Даниел Крег, кој доби 100 милиони долари за две продолженија на филмот „Knives Out“.

Исто така, до крајот на септември Крег ќе се појави по петти пат во улогата на Џејмс Бонд, во филмот „No Time To Die“.

На самиот врв на листата се и Двејн Џонсон, Вил Смит и Дензел Вашингтон.

Иако Крег е најплатениот актер на денешницата, тој неодамна во интервју изјави дека не планира да остави големи суми пари на своите деца кога ќе умре.

„Мојата филозофија е дека треба да се ослободам од се пред да умрам. Не сакам да им оставам големи суми пари на идните генерации“, рекол Крег.

Инаку, Крег има 29-годишна ќерка Ела од првиот брак со актерката Фиона Лудон, а во септември 2018 година доби ќерка од вториот брак со актерката Рејчел Вајс, со која се ожени во 2011 година.

Името на ќерката никогаш не беше објавено.

Слични содржини