Гледачите нема да го видат Даниел Крег во улога на суперхерој во скоро време. Според информациите што ги пренесоа странските медиуми, Крег се откажал од филмот за херојот на DC, Френклин Џон Рок, попознат како Sgt. Rock.
Да потсетиме, адаптацијата на стрипот на Sgt. Rock би требало да биде еден од филмовите со кои Џејмс Ган и Питер Сафран, шефовите на DC, планираат да го ревитализираат филмскиот универзум на DC. Стриповите на Френклин Џон Рок започнаа да се објавуваат во 1959 година и беа создадени од Роберт Канигер и Џо Куберт. Sgt. Rock е војник кој се борел во Втората светска војна. Неговиот лик бил толку популарен што се појавувал и во други стрипови на DC, а извесен период дури го предводел и Suicide Squad.
Работењето на овој филм ќе означеше уште една соработка помеѓу Даниел Крег и режисерот Лука Гвадањино, кои работеа заедно на филмот Queer. „Холивуд репортер“ пишува дека причините за повлекувањето на Крег од проектот засега се нејасни, а некои тврдат дека распоредот на актерот е пречка поради обврските на неговата сопруга Рејчел Вајс, што се уште не е официјално потврдено.
Приказната за овој суперхерој на DC веќе требаше да добие и играна адаптација. Покрај Даниел Крег, кој многумина го препознаваат по улогите во Џејмс Бонд б“, за улогата беа разгледувани и Брус Вилис и Арнолд Шварценегер. Проектот започна дури кога Лука Гвадањино го презеде.
DC моментално е во потрага по нови актери кои би можеле да ја преземат главната улога. Плановите за филмот се движат напред, а сценариото го напиша Џастин Курицкес, сценарист на филмовите Challengers и Queer на Гвадањино. „Холивуд репортер“ објави дека снимањето ќе започне кон средината на оваа година.