Данијела Димитровска ги „запали“ мрежите со атрактивни фотографии во костим за капење

од Stefanija Kuzmanovska
307 прегледи

Водителот Огњен Амиџиќ и манекенката Данијела Димитровска минатата година ги изненадија сите со тоа што објавија дека се разведуваат.

Тие не сакаа многу да зборуваат за својата приватност и истакнаа дека поради синот останале во добри односи.

Неодамна се дозна дека Огњен веќе нашол нова љубов, и тоа со колешката Мина Наумовиќ, која води дел од неговата емисија „AmiG Show“.

И додека двајцата уживаат во новата љубов, Данијела не се навраќа многу наназад и е фокусирана на синот и кариерата.

Таа неодамна објави фотографија на која позира во розов едноделен костим за капење, а коментарите само продолжија да пристигнуваат.

„Кога ќе се разведеш, тогаш процветуваш“, „Никогаш поубава“, „Преубаво изгледаш“, „Што и да носиш, изгледаш одлично“, „Најубавиот модел досега“, се само дел од коментарите на фотографијата на Данијела.

Слични содржини