Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо потврдија дека раскинале по 24 години врска.
Нивната портпаролка Мартина Подгорски дала официјална изјава за хрватскиот „Јутарњи лист“ дека двојката повеќе не живее под ист покрив.
„Вистина е дека Данијела и Петар во последните месеци живеат на одделни адреси, како поради деловни проекти, така и од одредени приватни причини“, рекла портпаролката.
Најновите вести ја потресоа хрватската јавност, бидејќи сите се навикнати на двајцата на сцената, но и надвор од неа.
Од друга страна, до пред два месеци, никој од нив не покажувал знаци дека ќе раскинат. Уште повеќе, што Даниела му го честитала роденденот на Петар со емотивна порака на Инстаграм.
„Нека ти биде најсино… Нека ти биде море. Среќен роденден “, напишала пејачката под заедничката фотографија, која сè уште може да се најде на нејзиниот Инстаграм профил.
Да потсетиме, Петар и Мартина се запознаа во 1995 година на Дора во Опатија, а две години подоцна започнаа љубовна врска.
Фото: GORAN STANZL/PIXSELL