417
Данијела Мартиновиќ за прв пат се огласи на Инстаграм откако беше објавено дека ја раскинала долгогодишната врска со Петар Грашо.
– Драги мои сограѓани, среќен Свети Дује, среќна и насмеана Данијела рече во краткото видео.
Бројни следбеници забележаа дека Даниела е насмеана и многу добро расположена.
Да потсетиме, парот последен пат беше виден заедно во март 2020 година во киното Синестар во Загреб на презентацијата на албумот на Данијела „Неописливо“.
Тие ја започнаа својата љубовна приказна пред повеќе од две децении. За сето ова време ретко се зборуваше за неа, но факт е дека таа не е поврзана со никаков скандал. Никогаш не ја крунисаа врската со брак и повеќепати истакнаа дека ја задржуваат својата интимност за себе.