Данијела Мартиновиќ објави нова фотографија со партнерот Јосип, заедно прославија убава вест

од Stefanija Kuzmanovska
557 прегледи

Пејачката и писателка Данијела Мартиновиќ (51) неодамна на своите следбеници на социјалните мрежи им се пофали со својата нова книга „Туширање на душата“, а после тоа на својот Инстаграм сподели нова фотографија на која го прославува објавувањето на својата нова книга.

Данијела позираше во весело друштво, во кое беше и нејзиниот нов партнер, полицискиот инспектор Јосип Плавиќ.

Додека Данијела ентузијастички ја држеше својата нова книга, Јосип ја држи во прегратка со насмевка на лицето.

Пејачката и инспекторот случајно се запознале откако адвокатот на Данијела преку Интернет поднел пријава за кражба на идентитет. Полицијата набрзо го разрешила случајот, а Данијела и Јосип сосема неочекувано ѝ се предале на љубовта која од ден на ден расте.

Слични содржини