Во своето гостување во ТВ Сител, д-р. Драган Даниловски посочува дека рекордните вчерашни 46 починати како последица од Ковид 19, претставува една статистичка варијација која е вообичаена, а просекот на неделно ниво изнесува 30.
„За среќа, нема нагорен тренд, туку тој просек има рамен тренд. Се надевам дека наскоро ќе помине и во надолен тренд. Тоа нема да се случи преку ноќ и, се разбира, ако не се случат некои епидемиолошки ризични настани, кои можат да ја сменат таа тенденција“, изјави Даниловски вечерва за телевизија „Сител“.
Исто така, Даниловски изразува загриженост за постновогодишниот период, во кој очекува поголем број на заболени како последица на Нова Година и Божиќ.
„Идеално би било кога граѓаните би можеле празниците да ги прослават со најблиските, без одење на гости и без примање на луѓе дома. Но, не верувам дека граѓаните ќе ги послушаат советите на епидемиолозите. Така што, да почекаме да видиме што ќе се случи во јануари, вели епидемиологот, кој смета дека е добар примерот на Германија, каде учениците ќе бидат распуштени на средината на месецот, пред да почнат празниците, за да не се згуснат социјалните контакти во исто време“, посочува Даниловски.
Доктор Даниловски, смета дека ивермектинот ќе биде една пресвртница во третманот на ковид пациентите.
Во рамки пак, на антиваксерите кои водат кампања против вакцината за Ковид-19, проф. д-р Даниловски вели дека нив никој не може да им го смени мислењето и покрај тоа што, нивните тврдења не се научно докажани.
-Постои во психологијата еден феномен, Данинг-Кругеров ефект, кој значи тој што е убеден во нешто, иако не поседува доволно знаење од таа област, едноставно тврдоглаво останува на ставот и тоа не може да се измени. Поради таа кампања против вакцината, јас не сум оптимист дека вакцинирањето ќе оди лесно, вели професорот. Според него, ако на природен начин оди болеста, некаде кон крајот на март ќе имаме колективен имунитет, така што, вакцината нема да биде потребна.
-Но, пожелно би било да се вакцинираат ризичните групи, здравствените работници, полицијата, вработените во старските домови, смета проф. д-р Даниловски.