Данците денеска гласаат на предвремени парламентарни избори резултатот од кои се очекува да биде исклучително оспоруван , објави “Ројтерс”. Изборите се предвремени, бидејќи 4-годишниот мандат на актуелната влада истекува на 14 септември. Повеќето политичари сепак побараа гласањето да биде пред летните одмори, за да може новата влада да ја претстави својата програма на првата есенската сесија на парламентот и да почне со работа веднаш.
Ден пред гласањето централнодесничарскиот блок опозициски партии водеше пред владејачките. Податоци за politiko.dk покажуваат дека опозицијата, вклучувајќиги либералите и десната Данска народна партија – собираат 51,4% од гласовите наспроти 48.6% за социјалдемократите и нивните сојузници. Лидерите на двете партии – премиерката Хеле Торнинг-Шмит и Ларс Локе Расмусен – се очекува да ја напуштат политиката ако изгубат.
Лидерот на опозицијата и поранешен премиер Ларс Локе Расмусен
Поддршката за самата Торнинг-Шмит е 42%, а за Расмусен – 26 отсто. Тоа е голема разлика во споредба со 2013 година, кога нејзиниот рејтинг беше 16%, а неговиот – 46%. И покрај популарноста на Торнинг-Шмит и на меѓународната сцена, многумина Данци се чувствуваат предадени откако властите воведоа буџетски кратења поради недостаток на раст. Наместо да троши за учителите и инфраструктурата, како што вети при изборите во 2011 година, Владата ја намали помошта за невработените и студентските стипендии. Торнинг-Шмит се надева населението да заборави на минатото, бидејќи економијата веќе се опоравува. Придвижуван од извозот, беше одбележан раст од 0,4% во првиот квартал на 2015 година
Ларс Локе Расмусен е прогонуван од неуспесите во почетокот на неговиот мандат како премиер меѓу 2009 и 2011 година – претежно Погрешната организација и спроведување на средбата за климата во Копенхаген. Минатата година тој беше критикуван затоа дека потрошил многу пари за луксузни облека и авио билети прва класа. Иако неговата партија го заштити, имаше големи очекувања Расмусен да поднесе оставка. Kолебливците се гласачи може да ја свртат страницата , и околу 17% од граѓаните со право на глас се уште не одлучиле за кого ќе гласаат.
