Данска и Словачка ги затвораат продавниците за Божиќ

од Nikola Popovski
217 прегледи

Данците и Словаците ќе ги затворат трговските центри и продавниците на Бадник за да спречат ширење на коронавирусот.

Данската влада ќе го стори тоа од утре, а другите продавници ќе бидат затворени од Божиќ па натаму, објави весникот „Екстра Бладет“, без да наведува извори.

Супермаркетите и другите продавници за храна ќе останат отворени, објави Ројтерс.

Словачки министер: Ситуацијата никогаш не била толку сериозна

Словачка, пак, ќе го ограничи движењето на луѓето од сабота наутро до 10 јануари, освен во неизбежни ситуации, за работа и престој во природа. Повеќето продавници исто така ќе се затворат.

„Ситуацијата е посериозна од кога било“, предупредил министерот за здравство Марек Крајчи. Владата ги повикала сите семејства да се дружат со само уште едно семејство за време на празниците.

Според Европскиот центар за контрола и превенција на болести, Данска има 523 заразени лица на 100.000 жители во последните две недели, а Словачка 500.

Слични содржини