188
Данска ќе и даде на Украина дополнителни 5,8 милијарди круни (777 милиони евра), главно наменети за финансирање на опрема за противвоздушна одбрана, муниција и тенкови, соопшти денеска данското Министерство за одбрана.
„Со цел Украина да продолжи да се брани од илегалната инвазија на Русија, од суштинско значење е земјите како Данска да ја задржат својата воена и економска поддршка… Ова го правиме денес со најголемиот финансиски придонес на Данска досега“, изјави министерот за одбрана Трелс Лунд Поулсен.
Донацијата, што се однесува на период од три години, е 12-та од Данска и опфаќа тенкови, борбени возила на пешадија, тенковска муниција и противавионски топови.