Еден од најдобрите студенти не Универзитетот Архус, станал и еден од највредните работници, па затоа бил депортиран назад во татковината. Имено, ги прекршил данските закони и имал прекувремена работа, повеќе од дозволеното, па поради тоа бил депортиран назад во Камерун.

Мариус Јуби, 30 годишниот студент на машински студии бил вратен дома во Камерун по одлуката за депортација од страна на данските власти. Имал обврска да ја напушти земјата најкасно до 8-ми јануари, пренесува AFP.
Данска е една од европските земји која има наригорозна миграциона политика, а во последните неколку месеци се заостриле и законите за депортирање на мигрантите.
Јуби инаку работел повеќе од 15часа неделно, ја надминал нормалната граница кај работодавците, за да може како чистач да заработи повеќе пари за студиите.
Од универзитетот Архус, велат дека не се согласуваат со оваа одлука, нивниот студент да биде вратен дома, тие упатиле писмо до имиграционото одделение да ја променат одлуката, бидејќи Јуби бил еден од најталентираните студенти .