Данска: Жена која починала по вакцинација со „АстраЗенека“ имала чудни симптоми

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Жена од Данска (60) која починала од тромб откако примила вакцина „АстраЗенека“ имала многу невообичаени симптоми, објави Данската медицинска агенција (ДМА).

Жената имала ниско ниво на тромбоцити во крвта и згрутчување на малите и големите крвни садови, како и крварење, пренесува Ројтерс.

Неколку слични случаи се пријавени во Норвешка, како и во базата на нуспојави од „АстраЗенека“ на Европската медицинска агенција (ЕМА), соопшти „ДМА“.

„Текот на болеста беше невообичаен, поради што реагираше „ДМА“, се вели во соопштението.

Потсетуваме, Норвешка во саботата објави дека тројца пациенти на возраст под 50 години во моментот се лекуваат во болница поради крварење, тромбови и ниско ниво на тромбоцити, откако ја примиле вакцината „АстраЗенека“, а симптомите ги обележаа надлежните здравствени институции како „необични“.

Европската програма за вакцинација е загрижена за извештаите дека вакцините „АстраЗенека“ предизвикуваат тромбоза, но Европската здравствена агенција соопшти дека нема индикации дека ваквите реакции биле предизвикани од вакцинацијата, што е позиција што Светската здравствена организација, исто така, ја претстави пред јавноста.

Италија, Данска, Австрија, Естонија, Летонија, Литванија и Луксембург ја прекинаа вакцинацијата со вакцината Оксфорд од серија од еден милион дози, испратена во дури 17 европски земји. Ним им се придружија Бугарија, Норвешка, Исланд, Холандија и Ирска.

Слични содржини