Дарежлив вторник по трет пат во нашата земја

од Nikola Popovski
11 прегледи

Со голема радост, ве покануваме да ни се придружите на хуманитарниот настан ДАРЕЖЛИВ ВТОРНИК, кој ќе се одржи на 03 Декември, од 18.00- 23.00 во Лабораториум, во  организација на Здружението Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, заедно со Центар за младински активизам КРИК, Здружение на граѓани за промовирање и зачувување на културните и духовните вредности-Легис, Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе – Отворена Порта, ХОПС- Опции за здрав живот и  Здружение за едукативен развој Еквалис.

Настанот е со хумантарен карактер и има за цел да ја подигне свеста на младата популација во нашата земја за важноста на реупотребата на користената облека и аксесоари, истовремено поттикнувајќи ги на филантропија и дарување – да се помогне на оние лица во нашите заедници на кои им е најпотребно.

Ќе бидете во можност да си одберете интересно парче/парчиња облека, акцесоари или да земете учество во некоја од работилниците, а за возврат да оставите донација во донациска каса (секоја организација изложувач ќе има своја донациска каса, одбележана со името на организацијата и наведена цел за која се собираат средствата).

Нашата земја стана дел од ова глобално движење, кое е создадено во 2012 година како едноставна идеја: ден кој ги поттикнува луѓето да прават добро. Оттогаш тоа прерасна во глобално движење во кое се вклучени повеќе од 105 земји од целиот свет и кое инспирира стотици милиони луѓе на овој ден да даруваат, да соработуваат и да го слават добродетелството.

Сите заинтересирани граѓани може да ни се придружат, да шириме добрина и да го прославиме ДАРЕЖЛИВ ВТОРНИК заедно.

Слични содржини