Даштевски: Со самото притискање на отпечатокот од прст ќе излегуваат податоците на гласачот

од Берта Китинска
316 прегледи

Претседателот на Државна изборна комисија Александар Даштевски, во своето гостување во ТВ 21 изјави дека покрја законските измени со кои правно ќе се овозможи гласање со отпечаток на прст треба да се договорат и техничките детали околу префрлањето на податоците кои МВР ги има а кои ДИК ќе ги користи при фингерпринт системот на гласање.

Тој објаснува дека со самото притискање на отпечатокот од прст ќе излегуваат податоците на гласачот со што ќе се оневозможат изборни нерегуларности.

„Прво ако гласал на друго место ќе се запали црвено светло на скенерот и ќе се знае дека тој нема право тука да гласа, тоа е идејата, а нормално кога ќе стави отпечаток излегуваат неговите податоци за кого се работи. Ако гласал, тогаш предупредува системот дека гласал и не може да гласа два пати и не може да гласа за друг.“, вели Даштевски.

Тој  уверува и дека ваквиот систем ќе обезбеди многу повисок степен на регуларност на изборите отколку досегашниот систем со спреј и уве ламба.

„Тоа што ќе го прават тие ќе биде максимално заштитетно, бидејќи МВР има најголема заштита и да не навлегуваме во тоа ние за нашата сајбер безбедност дискутиравме и донесовме одлука и за безбедноста и за ИТ системот како да се следи таа постапка одлучивме контрола за тоа цело време да имаат увид претставници од МВР.“, изјави Даштевски.

 

 

Слични содржини