Аналитичарот Александар Даштевски за емисијата „Само вистина“ посочи дека власта сака одлуките за време на вонредната состојба да се потврдат, бидејќи нивните беа противуставни.

„Погледнете ги уредбите со законска сила кои се носат на што се однесуваат. Имаше уредби со законска сила кои што ги поништи Уставниот суд, беа противуставни. Некои уредби не се однесуваа на пандемијата, односно се донесени поради лукративни причини“, истакна Даштевски.

Тој исто така посочи дека Уставот е повреден од страна на власта за време на вонредната состојба.

„Треба да се покрене импичмент бидејќи противуставно е предизвикувана односно прогласувана нова и нова вонредна состојба. И не значи ако сега нема 80 пратеници дека нема да има воопшто, можеби ќе има за изгласување на импичмент“, истакна Даштевски.

Даштевски потсети дека платите на СЈО се донесоа преку седници во време на вонредна состојба со изговор дека морале да се донесат бидејќи онака ќе тужеле.

Слични содржини