Датира од 1951 година: Знаете ли кој е најсмешниот виц на светот?

од Nikola Popovski
434 прегледи

„Најсмешниот виц на светот“, објавен уште во 1951 година и хит меѓу обожавателите на црн хумор, повторно кружи на социјалните мрежи.

„Најсмешната шега на светот“ е терминот што го користел Ричард Вајсман, професор по психологија на Универзитетот во Хертфордшир во 2002 година, за да ги сумира резултатите од едно од неговите истражувања.

За неговиот експеримент, наречен „LaughLab“, тој создал веб-страница на која луѓето можат да испраќаат и да оценуваат вицеви, а еден се истакнал како најсмешен со повеќе од два милиони гласови.

Благодарение на снимката на популарниот канал на Јутјуб, „AsapScience“, вицот е повторно актуелен, иако се покажа дека тој всушност бил дел од скечот на британско-ирскиот актер, комичар и писател Спајк Милиган од 1951 година.

Еве како  гласи: Двајца ловци од Њу Џерси поминуваат низ шума и едниот од нив паѓа во несвест. Изгледа дека не дише и неговиот пријател повикува брза помош. „Мислам дека мојот пријател е мртов. Што да направам?“, прашува тој, а операторот одговара:„ Смири се, ќе ти помогнам. Прво, осигурете се дека тој навистина е мртов“. Потоа, завладеала тишина проследена со силен истрел од пушка. Ловецот се враќа на телефон и прашува: „Добро, и што сега?“

Слични содржини