Западните средства треба да бидат апсорбирани од оние кои умеат или сакаат да научат да ловат риба. Ако не им биде одзема уловот, сограѓаните наскоро ќе станат сити, а западните партнери – задоволни. И ќе престанат да прават, во однос на нашата неспособност,а мрачни прогнози. Нема смисла на Украина да и се даваат пари – таму ги крадат парите од донаторите веќе од четвртина век. За тоа напишаа во влијателниот “Вашингтон пост” американските политички експерти Нил Абрамс и Стивен Фош.

Текстот беше пропагандиран од украинските медиуми и стана една од најзборуваните теми овие денови (природно по лудилото околу Денот на победата). Достапни се две варијанти за решавање на проблемот. Првиот е да се даваат пари само за конкретни проекти, да се контролира секој вложен долар. Вториот е финансиската помош да биде замрзната додека хроничните крадци не бидат сменети од чесни одговорни граѓани.
Од една страна правилна одлука е на гладниот да не се дава рибата, туку риболовен стап. Тоа ќе функционира, ако украинската врховна власт ги остави на мира малите и средни бизниси, преземајќи соодветните закони. Тогаш – чисто теоретски – Украина може да стане земја на ситни трговци со либерална економија.
“Епл” повторно ја предводи годишната листа на “Форбс” за најскап бренд
Едноставно кажано, слободните луѓе оставени да пливаат слободно, брзо ќе научат да ловат риба, давајќи дел од фатеното во касата во форма на даноци.
Само што ние разбираме прекрасно: на државата и треба целиот улов. Поради тоа тие ќе измислат како, во согласност со законот, да земаат повеќе пари за лизинг и на најмалиот риболовен стап. Обрнете внимание: ние хипотетички ја разгледуваме ситуација во која Западот не фрлил на финансиското самоволие на судбината. Тоа нема да промени ништо во земја во која милиони пензионери и државни службеници и до сега упорно и деструктивно ја чекаат победата на социјализмот.

Има и друга страна на нештата: либералниот и прогресивен дел од сограѓаните се подготвени да ја дадат Украина на концесијана САД. Враќајки го во животот стариот советски виц за тоа како треба да биде прогласена војна на Америка за да и се предадеме во заробеништво. И, како што му доликува, нашата земја треба да стане, нова, посебена, која се наоѓа во европскиот дел на земјината топка држава на Америка, каде што сè треба да се развива во согласност со уставот на САД, кој не се менувал од денот на нејзиното основање .
Дека тоа не ви е украинската устав, ќе биде препишуван од секој претседател. Секако, и ФБИ во таков случај ќе ги внесе во затвор сите кои не успеале да избегаат со украдените од Америка донаторски средства, вложени порано во Украина. Искуствено, тоа е утописко сценарио поради што треба да се вратиме на првата точка: без финансиски инјекции од западот засега не можеме да опстанеме, само што други пари во благајна засега нема, иако Украинците плаќаат даноци.
Но Западот знае дека средствата кои ги жртвува за нас, се грабнати уште на почетокот. Но не до крај – остатокот се дистрибуира меѓу споменатите државни службеници и пензионери во минимален вид – плати, пензии и слично.
Да дозволиме едно пореално сценарио – во кој Западот дава пари, сакајќи во замена одредена стока. Во дадениот случај тоа се реформи. Но како замислувате реформа на украинското обвинителство или судски систем со средства на истиот ММФ? Практиката покажува дека дури и ако САД и ЕУ со учество на Канада, Австралија и Јапонија побараат со заеднички средства да изградат во нашата земја реална функционална институција на владеењето на правото, на која нема да има прашања од страна на нашите граѓани, нивните помошти веднаш ќе престанат. Поради што до потребниот резултат така и нема да дојде.
Огромните средства за судските реформи ќе бидат донесени од истите тие луѓе кои секој ден ги прекројуваат законите заради себе, и ги потиснуваат самите поими како “правда” и “правно поле”. Уште во декември 2013 година на Путин му беше многу поедноставно да ја купи лојалноста на Јанукович и да ја покори Партијата на регионите, ветувајќи милијарди кредити и дури давајќи дел од нив. Практиката на дарителството покажува не само во постсоветските, но и во ориентираните кон социјалистички популизам несеветски земји: полесно е да платиш минимум за безделие отколку да го плаќаш максимумот за движењетона овие земји напред.
На пример, со тоа се занимава сега Западот,што прифаќа уште позитивно финансиско решение во однос на Украина. Нашата актуелна ситуација е малку подобра во овој план, бидејќи засега Русија не може директно да ја купи нашата лојалност, а кон Запад се лојални и без пари дури и бесрамните популисти. Следниот чекор е дека оние за кои Западот одделува донаторски средства, се должни да престанат да му се допаѓаат на гладниот електорат – нив никогаш нема да ги нахраниш. Да ги апсорбираат средствата треба оние кои умеат или сакаат да ловат риба. Ако на нив не им биде одземен уловот, сограѓаните наскоро ќе се сити, а западните партнери – задоволни. И ќе престанат да испраќаат пораки со мрачни прогнози на адреса на нашата неспособна земја . / БГНЕС
……………………..
Андреј Кокотјуха, 112.ua , Украина