Адвокатот Звонко Давидовиќ во 24 анализа рече дека доколку јавниот обвинител сакал верижна истрага требало да ги гони и своите колеги од Кочани и вработените во МВР.
„Ако се однесува на верижноста тогаш Коцевски требало да ја сработи работата и да докаже што довело до овој настан. Не може да не се зборува за се она што придонело до овој настан. Корупцијата е на највисоко ниво, урнисано е се. Јавниот обвинител кажува за вержина одговорност во урнисан систем. Ако некој треба да го гони криминалот во еден град тоа е МВР и Обвинителство. Не гледам дека некој од Обвинителството е опфатен со оваа истрага. Кочани не е голем град. Кој друг е надлежен друг гони криминал ако не овие институции. Обвинителите во Кочани не живеат на Марс знаат што се случува“, рече Давидовиќ.