Бегалската криза не може да биде решена без да биде решен конфликтот во Сирија, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, која е во посета на Турција, објави агенцијата “Ројтерс”.

zx450y250_2631314

Турција е подготвена да работи заедно со Германија за спречување на илегалните мигранти, рече уште Давутоглу. Тој додаде дека сериозноста на мигрансткиот бран треба да биде распределена на чесен начин и со другите земји. Турскиот премиер повторно побара основање на зона за безбедност во северните делови на Сирија, со која според него ќе се намали значително бегалскиот бран.

“Во сегашната ситуација, кога военните операции продолжуваат и силите на режимот водат борбени дејствија, особено во областа на големи градови како Алепо, тоа може да предизвика нови бегалски бранови”, рече Давутоглу и посочи дека Турција дала засолниште на над два милиони Сиријци .

Меркел ја поддржа изјавата на турскиот премиер, велејќи дека решавањето на проблемите е во заеднички интерес на сите.

“Германија е подготвена да отвори уште оваа година програма од 17 точки за преговори”, рече Меркел.
По повод надворешна интервенција во ситуацијата во Сирија, Давутоглу рече дека разговарал тоа со Ангела Меркел и двајцата имале заедничко разбирање по прашањето.

Слични содржини