Дејвид Боуви ќе добие музеј во Лондон

од Stefanija Kuzmanovska
193 прегледи

Костими, фотографии, писма, повеќе од 80.000 предмети од архивата на Дејвид Боуви се испратени во Музејот на Викторија и Алберт, кој ќе отвори посебна локација за таа цел во Лондон во 2025 година, пренесува АФП.

Создавањето на Дејвид Боуви Центарот за проучување на изведувачките уметности, во источен Лондон, ќе обезбеди пристап до „креативниот процес на музичкиот иноватор и културната икона“, соопшти музејот.

Во тој центар ќе бидат сместени предмети, вклучувајќи рачно напишани стихови, писма, ноти, инструменти и награди, како и костими како оние на Зиги Стардаст од 1972 година.

Во архивата на уметникот, кој почина во 2016 година, ќе има и 70.000 фотографии и фото-негативи.

Слични содржини