ДЕ БРЕ… ШТО МИНИСТЕР ЌЕ БЕШЕ?
http://24vesti.mk/strumichkite-zemjodelci-baraat-so-rebalan…
Струмичките земјоделци јавно бараат од Министерот за земјоделие Михаил Цветков при носењето на ребалансот на Буџетот покрај средствата за ургентна исплата на направените штети во полавените подрачја да се издејствува и посебен надомест за производите од градинарството и овоштарството поради нивната мала откупна цена.
Земјоделецот Божиков од Дабиле во прилогот на Тв 24 вести изјави дека лично министерот Цветков им сугерирал за реализација на овој предлог тие да побараат ,,дел од средствата за изградба на панорамско тркало, државата да ги пренамени за раноградинарите”.
Штом е таква работата, бидејќи Цветков нема храброст како министер да побара на седница на владата или на собраниска седница, пренамена на овие средства, а им сугерира на земјоделците тие да го направат тоа, логично е да ги поставиме следниве прашања:
• Што ќе ни е ваков министер кој нема храброст, капацитет и кредибилитет да се се избори за повеќе средства за својот ресор на седница на Влада и во Собранието на РМ?.
• Што ќе ни е ваков министер кој бара други да му ја завршат работата доколку сакаат да бидат задоволени нивните интереси?.
• Дали министерот Цветков соочен со својата немоќ во Владата, сугерира вакви барања (или експресно ги реализира) и кога треба од неговото министерство да се задоволат одредени интереси на неговата партија како и интересите на поединци од неговата партија?.
• Зошто лично тој, но и неговата партија јавно не го кажат своето несогласување со изградбата на панорамското тркало и не побараат тие средства да бидат пренаменити за задоволување на приоритетни потреби во неговиот ресор?
• Кога приоритет ќе добие мислата и грижата за интересите на граѓаните?.
• До кога, до кога …….
П.С – Ова ме потсетува на една сцена од еден фудбалски натпревар кога тренерот на фудбалската екипа пред почеток на натпреварот му сугерира на својот ГЛУВОНЕМ фудбалер што и да се случи на натпреварот, како и да суди фудбалскиот судија, тој никако да не приговара бидејќи може да добие ЦРВЕН КАРТОН.
ФБ статус на проф.д-р Јове Кекеновски
