Де Ниро ќе добие награда за животно дело

313 прегледи

Актерот Роберт де Ниро ќе добие награда за животно дело на наредните доделувања на Златен глобус, соопштија во вторникот.

Почесната награда „Sesil B. DeMil“ ќе му биде врачена на 16 јануари, на 68. свечено доделување на Златен глобус.

Де Ниро е доитник на два Оскари, а во 1981 година добил Златен глобус за улогата во филмот „Raging Bull“.

Меѓу предходните добитници на ова престижно признание се и Мартин Скорсезе, Стивен Спилберг, Мајкл Даглас, Ал Пачино и Барбара Страјсенд.

Слични содржини