Познатиот актер Роберт Де Ниро и Грејс Хајтауер во моментов минуваат низ бракоразводна парница која наводно му го прави животот на актерот мизерен и значително влијае на неговите финансии.
Имено, Грејс троши околу 215.000 долари месечно на облека, накит и друг луксуз на кредитни картички и околу 160.000 долари во готовина, а за да го реши тоа, актерот мора да ги прифати сите улоги што му се нудат.
„Господинот Де Ниро има 77 години, иако ја сака својата работа, не треба да работи толку напорно на таа возраст и со ова лудо темпо. 12 часа на ден, без одмор“, рече адвокатот на Де Ниро.
Патем, Роберт и должи на државата данок и таксата од следните два филма ќе оди исклучиво за тие цели, забележа адвокатот.
Сепак, адвокатот на неговата сопруга тврди поинаку. Имено, сè додека не се разведат, холивудската sвезда треба, според предбрачниот договор, да и овозможи на неговата, наскоро и поранешна сопруга да живее како порано.
Нејзиниот адвокат потсети дека Де Ниро не штеди ниту на своите трошоци. Така, тој наводно оди со хеликоптер на појадок, и ги посетува своите пријатели во Флорида со приватен авион.