Денес се отвораат консултациите за приоритетите и потенцијалните активности што ќе бидат финансирани во рамки на претстојнот повик за предлози, инаку Инстумент за пристапна помош, односно за поддршка на граѓанското општество. Инаку ваквите консултации ќе ги отвори раководителот за соработка во Делегацијата на ЕУ во С.Македонија, Никола Бертолини.
Поради пандемијата Ковид – 19, консултациите ќе се одржат во онлајн формат од 09:00 часот – 10:30 часот.
Исто така, повикот за предлози Поддршка на граѓански младински иницијативи, активизам и волонтирање во локалните заедници ќе биде објавен во првиот квартал од 2021. година.
Главната цел на повикот е да го поддржи зајакнувањето на младите и нивната економска независност и да го промовира активното граѓанство на младите на локално ниво преку младински активизам и волонтирање.
Инаку ова се три приоритетни сектори, каде што родовата еднаквост е присутна, а ќе бидат предмет на повикот. Тоа се младински активности за подобар просперитет и иновативност во локалните заедници, младински активизам и волонтирање во подобрување на отпорноста и зазеленување на локалната заедница и младинска работа за обезбедување социјална инклузивност на локалната заедница.