Дебитант го надмина Џордан, Јута ја победи Оклахома

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Кога ќе успееш да подобриш постигнување на Мајкл Џордан, особено во НБА плејофот, тогаш работите се дефинитивно сериозни.

Изминатава ноќ, дебитантот на Јута Донован Мичел нанижа 28 поени во победата на Џез над Оклахома Сити со 102: 95, а со вкупно 55 од првите два натпревари во елиминациската фаза, го надмина постигнувањето на легендарниот кошаркар на Чикаго Булс, кој постигна 53 поени од првите две средби во 1985 година.

„Бев едноставно агресивен, се пробивав, освојував прекршоци. Така беше моето поставување“, објасни Мичел, кој беше под неизвесен за натпреварот до последно, но неговиот тим го израмни резултатот во серијата на 1-1 победи и ќе биде домаќин во следните два натпревари.

Серија од 19:0 му даде контрола на тимот на Тандер во третиот дел, но Јута одговори со серија од 14:3, откако Мичел постигна 12 од овие поени. Разликата падна до 5 пред последниот дел каде што гостите стигнаа и до пресврт, а дебитантот повторно имаше клучни настапи.

Рики Рубио додаде 22 поени и 9 асистенции за успехот, а Дерик Фејверс се истакна со 20 и 16 скока.

Ѕвездите на ОКС сепак немаа свој ден. Расел Вестбрук заврши со 19 поени, но беше само 7 од 19 од игра, Пол Џорџ постигна 18 при 6 од 21, а Кармело Ентони постигна 17, но при прецизност од 6 од 18.

Резултати од плеј-оф во НБА:

Кливленд Кавалирс – Индијана Пејсерс 100:97 (1-1 во серијата)
Оклахома Сити – Јута Џез 95:102 (1-1)
Хјустон Рокетс – Минесота Тимбервулвс 102:82 (2-0).

Слични содржини