Деца од Скопје сексуално, физички и вербално малтретирале соученик на екскурзија во Охрид

од Milan1
38 прегледи

Родител од Скопје вчера пријавил во полиција дека неговиот малолетен син бил вербално, сексуално и физички малтретиран од негови соученици додека биле на екскурзија, соопшти МВР.

„Во временскиот период од 7 до 10 октомври, додека биле на екскурзија во Охрид, неговиот малолетен син од неколку негови малолетни соученици бил допиран по телото и вербално и физички бил малтретиран, а, според пријавеното, и претходно бил малтретиран од истите соученици“, се вели во полициското соопштение.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини