Бред Пит, кој на 18 декември ќе наполни 61 година, се труди максимално да собере барем две од неговите шест деца за својот роденден.
Бред наводно молел да му се придружат близнаците за неговиот роденден. Според извор за DailyMail.com, оскаровецот вложил дополнителни напори за да го помине специјалниот ден со своите наследници и неговата партнерка Инес де Рамон (31).
„Бред Пит ги сака своите деца и многу би му значело да ги има покрај себе на неговиот посебен ден“, рекол изворот. „Сепак, ситуацијата не е многу ветувачка. Некои деца сè уште комуницираат со него, додека некои не. Сè е многу комплицирано“.
Пит и неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли имаат три биолошки деца – Шајло (18), близнаците Нокс и Вивиен (16) – како и три посвоени деца – Медокс (23), Пакс (21) и Захара (19).
Според извештаите, Медокс и Пакс повеќе не зборуваат со нивниот татко, додека Шајло, наводно, повеќе не го користи презимето Пит. Иако Захара исто така не го користи презимето на нејзиниот татко, се смета дека близнаците Нокс и Вивиен сè уште комуницираат со него.
Физичкото растојание не е пречка бидејќи и Пит и Џоли живеат во Лос Анџелес, на само неколку километри. Меѓутоа, доколку децата одбијат да се приклучат на прославата, Пит планира да отпатува со својата партнерка Инес, која живее со него во нивниот заеднички дом во Лос Анџелес.