Времето не и оди во прилог на Бугарија. И постои голема опасност бугарско-македонскиот спор отсега да се разгледува низ призмата на руско-украинскиот, со што ќе се зголемат симпатиите кон Скопје на сметка на Бугарија. Затоа не смееме да ја пропуштиме шансата доколку Париз и Брисел станат гаранти за натамошното исполнување на нашите барања. Особено ако тоа е фиксирано во документ со кој ќе се обврзат Франција и ЕК. Ова е разумна опција, вели бугарскиот историчар Стефан Дечев.
Во Европа, според него, остануваат со впечаток дека Бугарија го оспорува постоењето на македонска нација и македонски јазик.
– Соседите (Македонија) го користат ова како аргумент, иако пакетот 4 плус 1 моментално не е за јазик или идентитет. Но, долго време се споменуваа. Ова се смета и за кршење на меѓународното право од страна на Бугарија – да не се признае нешто што постои – катедри за македонски јазик, литература, вклучително и во земјите на ЕУ, и во САД, истакнува историчарот.
За тоа дали има потреба од референдум во Бугарија на тема „Северна Македонија“, вели дека дури и играњето со идејата за референдум е апсолутна шпекулација и најдобар начин практично да се „разнесе општеството“ во воздух, да се поттикне омраза меѓу едната и другата земја.
-Идејата покажува дека некој со право се плаши дека поволен предлог од ЕУ во Националното собрание може да го собере потребното мнозинство за усвојување на нов парламентарен документ, додава тој.