Американскиот рапер АСАП Роки беше уапсен на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес поради пукање во Холивуд минатата година, објави Асошиетед прес, повикувајќи се на локалните власти.
Сторителот, чие вистинско име е Раким Мајерс, е уапсен под сомнение за напад со оружје, се вели во соопштението на полицијата на Лос Анџелес.
33-годишниот рапер се бара за инцидент со огнено оружје на 6 ноември 2021 година, по жестока расправија. Тој е обвинет дека со пиштол пукал во познаник кој бил полесно повреден и подоцна побарал лекарска помош. Мајерс и уште двајца мажи избегале.
Запрашани за коментар, претставниците на раперот не одговорија.
Неколку дена претходно, АСАП РОки беше снимен на Барбадос со неговата девојка Ријана. Во јануари, парот објави дека го чека своето прво дете. Сепак, идните родители не кажаа кога треба да се роди бебето.
Раперот го објави својот последен албум пред четири години. Тој го привлече меѓународното внимание во 2019 година, откако беше еден месец притворен во Шведска поради улична тепачка. Музичарот потоа беше прогласен за виновен за обвиненијата за напад и доби „условна казна“, што значеше дека нема да биде зад решетки.