Дедо Мраз слета со балон во Кисела Вода

од Radmila Tasevska
169 прегледи

Дедо Мраз со голем балон на топол воздух денес слета во паркот во Кисела Вода и донесе пакетчиња за преку 3000 дечиња, информираат од Општината.

Од Општина Кисела Вода велат дека ова беше финалето на новогодишниот настан, кој за најмладите овозможи двочасовна забава-театарска претстава од општинските градинки и концерт на изведувачите од детскиот фестивал „Поточиња“.

– Новогодишниот период е време кога ja прославуваме радоста, кога еден на друг си посветуваме повеќе внимание, кога со возбуда го очекуваме новиот почеток кој треба да донесе здравје, среќа, успех и други убави нешта за нашите најсакани. Се чини дека најважни за сите нас, сепак, се децата чии желби се најискрени и најтопли, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, дополнувајќи дека на овој начин Општина Кисела Вода одлучи да им ги разубави празниците на сите најмлади.

Слични содржини