„Дефинитивно се повеќе од пријатели“: Нови детали од односот на Шакира и Луис Хамилтон

од Stefanija Kuzmanovska
397 прегледи

Откако се раздели од долгогодишниот партнер Жерар Пике, приватниот живот на Шакира привлекува огромно внимание во јавноста.

Шакира со месеци е поврзувана со Луис Хамилтон, а според извор близок до пејачката и возачот на Формула 1, тие двајца стануваат се поблиски.

Гласините за нивната наводна врска започнаа кога беа видени заедно на бројни настани, а досега двајцата не се изјаснија за гласините за врската.

Сепак, извор близок до нив тврди дека тие се дефинитивно повеќе од пријатели, особено откако тајно отпатувале на Ибица.

Пред еден месец Шакира и Луис Хамилтон беа видени на јахта со пријателите, потоа на доделување награди во Велика Британија, а потоа во ноќен клуб.

Извор за шпанскиот ТВ канал „Телецинко“ открил дека колумбиската пејачка и британскиот Формула 1 возач се сретнале три пати во вила на Ибица откако вработените го напуштиле луксузниот објект.

„Кога работниците си заминаа, пејачката остана сама со приватна придружба и Хамилтон ја посети“, рекол изворот, пренесува „ShowBuzz“ и додал дека неговиот приватен возач ги слушал како постојано разговараат на телефон.

Претходно, папараците ја уловија пејачката како се качува на јахта пред нејзината вила во Мајами, на која ѝ се придружија познатиот Формула 1 возач и неколку пријатели, само неколку часа откако заедно ручаа во ресторан.

Слични содржини