Дејли Мејл: Бин Ладен ѝ наредил на Ал Каеда да не го убие Бајден во 2010 година

од Nikola Popovski
327 прегледи

Поранешниот лидер на терористичката организација Ал Каеда, Осама бин Ладен, наводно им забранил на своите следбеници да го убијат Џозеф Бајден додека бил потпретседател на САД, бидејќи го сметал како некомпетентен за работа и верувал дека „ќе ги доведе САД во криза“ ако џихадистите успеат да го убијат поранешниот шеф на Белата куќа Барак Обама.

Според „Дејли Мејл“, Бин Ладен наводно ја дал оваа наредба во 2010 година, а тоа било откриено со писмо меѓу документите во пакистанското засолниште, каде што бил убиен од американските специјалци во 2011 година.

Документот беше објавен во 2012 година, но сега повторно е во центарот на вниманието и доби важност по хаотичното повлекување на САД од Авганистан, како резултат на што Талибанците ја презедоа власта, додава британскиот весник.

Бин Ладен напишал порака од 48 страници до помошник идентификуван како „Брат Шајк Махмуд“, чие вистинско име е Атија Абд ал Рахман.

На 36-тата страница, Осама изрази желба да формира два тима убијци – едниот во Пакистан, другиот во Авганистан – чија цел ќе биде напад врз Барак Обама, или поранешниот директор на ЦИА, Дејвид Петреус, доколку влезат во една од двете земји.

Објаснувајќи зошто сака да го нападне Обама, Бин Ладен рече дека „Обама е глава на неверниците и со неговото убиство, Бајден автоматски ќе стане претседател. Но, Бајден е тотално неподготвен за таа позиција, тоа ќе ги доведе САД во криза“.

„Што се однесува до Петреус, неговото убиство би го променило исходот на војната“, наводно напишал Бин Ладен.

Слични содржини