Дејвид Боуви постхумно е номиниран за наградата “Меркјури”

од Vladimir Zorba
82 прегледи

F5zktkpTURBXy8wOTNiZDBkY2ExYjg5OGRlZDUzNjA1ZWJhZDlkM2I4NC5qcGeTlQLNAxQAwsOVAs0B1gDCw5UH2TIvcHVsc2Ntcy9NREFfL

Легендарниот британски музичар Дејвид Боуви постхумно е номинирана за една од најпрестижните британски Меркјури музички награди, соопштија организаторите.

“Музиката на Боуви ни овозможи подобро да се разбере времето во кое живееме. Музиката е искрена, страстна и полна со гнев и загриженост”, се вели во соопштението на организаторите на церемонијата на доделување на награда која ќе биде на 15-ти септември.

Иако Боуви беше голем уметник, но до сега никогаш не ја доби наградата Меркјури.

Номиниран е за својот најнов албум “Black Star”, кој беше објавен на 69-то роденден на Боуви на 8 јануари оваа година. Култниот музичар почина два дена подоцна од рак на црниот дроб, болест која ја криеше далеку од очите на јавноста.

 

Музичкото признание Меркјури е востановена во 1992 година и беше именуван по тогашниот спонзор Меркур комуникејшенс.

Наградата се доделува секоја година за најдобар албум во Велика Британија и Ирска, а во гласањето учествуваат музичари, продуценти, новинари и други вработени во музичката индустрија.

Меѓу претходните добитници на оваа награда се Alt Ј, PJ Harvey, Portishead и групара Palp.