Семејната драма во семејството Бекам не стивнува, а новиот потег на најстариот син Бруклин дополнително ги продлабочи тензиите.
Имено, Бруклин Бекам и неговата сопруга Никола Пелц ги обновија своите брачни завети на 2 август, но никој од семејството Бекам не беше поканет – ниту пак беа информирани за церемонијата.
„Беше прекрасно искуство. Само сакавме нешто интимно и посебно – спомен што ќе го паметиме засекогаш. Искрено, можев повторно да ги кажувам моите завети со неа секој ден. Вистинска среќа е да ја пронајдеш личноста со која сакаш да го поминеш остатокот од животот. Тоа навистина те обликува како личност“, рече Бруклин во интервју за списанието People.
Церемонијата се одржа во целосна тајност, а присуствуваше само семејството на Никола. Нејзиниот татко Нелсон ја водеше целата церемонија, додека Никола ја носеше венчаницата што нејзината мајка некогаш ја носеше на нејзината свадба. Сепак, семејството Бекам немало информации за настанот, а помладиот брат на Бруклин, Круз, Ромео и сестрата Харпер, дознале за обновата на заветите преку интернет.
Веќе некое време, во медиумите кружат гласини за лошиот однос меѓу Бруклин и неговото семејство, а овие тврдења беа дополнително поткрепени кога Бруклин не се појави на забавата по повод 50-тиот роденден на неговиот татко Дејвид. Според извори блиски до семејството, ова бил „последен удар“ за Дејвид и Викторија. Тие биле особено погодени од фактот што Нелсон Пелц одиграл толку истакната улога на церемонијата, додека членовите на семејството Бекам дури и не биле поканети.
„Ова е срцекршачко. Семејството се чувствува како да го изгубило својот син. Неговите баба и дедо се исто така многу погодени бидејќи отсекогаш биле блиски со него. Веќе не е недоразбирање или едноставна расправија – ситуацијата излезе од контрола“, изјавил извор за странските медиуми, според Дејли Меил.
Прашањето што сега сè повеќе го загрижува семејството Бекам е дали Бруклин воопшто ќе го задржи презимето. Откако ги обнови своите завети, многу луѓе се прашуваат дали симболично ги прекинал сите врски со своето семејство.
„Дали е 2 август 2025 година, денот кога Бруклин одлучи дека повеќе не е дел од семејството Бекам? Навистина изгледа така“, додава изворот.
Да ве потсетиме дека тензиите меѓу двете семејства започнаа уште пред самата свадба во 2022 година. Викторија Бекам тогаш дизајнираше венчаница за Никола, надевајќи се дека ќе ја носи на големиот ден. Сепак, Никола се одлучи за модниот бренд Валентино, што, според блиски извори, ја вознемирило Викторија. Бекамови наводно имале чувство дека семејството Пелц ја презема контролата врз целата свадба.
Оттогаш, двете семејства не се виделе, а односите меѓу Бруклин, неговата сопруга и семејството Бекам никогаш не биле полоши. Дополнително, Бруклин и Никола повеќе не ги следат неговите браќа на социјалните мрежи, додека, според некои извори, Ромео и Круз дури и го блокирале парот на Инстаграм.