Камерон се повлекува како премиер.
Дејвид Камерон се повлекува од функцијата премиер на Велика Британија, пишува CNN. Веста за неговото повлекување дојде по објавувањето на официјалните резултати од одржаниот вчерашен референдум во Велика Британија.
Референдумот не беше за него, рекол тој.
Меѓутоа, Британците одлучиле да следат друг пат. Така, тие треба да добијат нов премиер.
Камерон изјавил дека ќе поднесе оставка од премиерската функција за да го „смири бродот“.
Тој рекол дека денеска нема да кажува рокови, но дека новиот премиер треба да стапи на функцијата до почетокот на конференцијата на конзервативците, во октомври.
Тој рекол дека новиот премиер ќе треба да реши дали ќе го покрене членот 50 од Договорот за ЕУ. НА вчерашниот редерендум 51,9% од Британците гласаа за излегувањето на Велика Британија од Европската унија