Викторија Бекам самата себе си е тренер и нутриционист, а тајната на нејзината вечна младост и виткиот раст ја откри Дејвид Бекам.
Викторија отсекогаш била позната како жена со челична дисциплина, но фактот што ја јаде истата храна веќе 25 години изненади многумина.
Дејвид Бекам зборуваше за тоа при гостувањето на подкаст со познатиот сопственик на престижен лондонски ресторан, откривајќи дека неговата сопруга никогаш не јаде никакви сосови, масло или путер.
Според поранешниот фудбалер, тој понекогаш „шверцува“ некои од омилените јадења во куќата кога таа не е дома.
-Многу сум емотивен кога се во прашање храната и виното. Кога јадам нешто убаво, сакам сите да го пробаат. Но, за жал, оженет сум со некој кој го јаде истото веќе 25 години. Од кога ја запознав Викторија, таа јаде само риба на скара и зеленчук варено на пареа. Речиси никогаш не јаде нешто различно“.
Според него, неговата сопруга има малку поинакви навики кога е храната во прашање само за време на бременоста.
-Веројатно единствениот пат кога проба нешто од мојата чинија беше за време на бременоста со Харер и беше навистина големо изненадување. Тоа беше една од најубавите вечери во мојот живот. Не можам да се сетам што точно јадев, но знам „оттогаш никогаш повеќе не се случило вакво нешто, рекол Дејвид.
Викторија рекла дека понекогаш може да си дозволи да има десерт, а омилен и е кифла со јаболка и цимет, но секако без глутен. Кога сака да се „почести“, зема обичен тост од цело зрно и става малку сол врз него.
Сето тоа значи дека Дејвид е главен во нивната кујна. Вели дека сака добар стек, но и еврејски специјалитети, а има завршено и курс за готвење.
-Кога играв во Милан на позајмица 11 месеци, одев на кулинарски курс и ми се допадна. Имав и неколку приватни часови, изјави Дејвид.