Декларација од Луган: Поддршка за обнова на Украина

од Stefanija Kuzmanovska
254 прегледи

Дводневната меѓународна конференција во Швајцарија за обнова на Украина по војната со Русија заврши во вторникот со потпишување на Декларацијата од Луган, која содржи голем број принципи кои ќе го водат процесот на обнова и закрепнување.

Потписниците на Декларацијата, претставници од повеќе од 40 земји и меѓународни организации, вклучително и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Европската инвестициска банка (ЕИБ), ветија политичка, финансиска и техничка помош за Украина, која тврди дека обновата на земјата би можела да чини и до 750 милијарди долари, пренесува „Хина“.

Потписниците, исто така, ја осудија руската воена агресија и ја повикаа Москва да ги повлече своите трупи од Украина.

Начелата наведени во Декларацијата се внатрешни реформи.

Владеење на правото, зауздување на олигарсите, борба против корупцијата

Европската унија конкретно наведува дека Киев мора да постигне напредок во областа на владеењето на правото, зауздувањето на олигарсите, борбата против корупцијата и обезбедувањето основни права, транспарентност, одговорност и почитување на законот.

Тие бараат и родова еднаквост, инклузивност и одржливост.

„Ефикасното и транспарентно управување и ефективната и брза координација меѓу донаторите и владата се клучни за закрепнувањето“, рече Алфред Камер, директор на европската филијала на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Тој тврди дека спроведувањето на реформите, со цел зајакнување на институциите и јавните политики, ќе придонесе за трансформација на економијата и ќе го стимулира растот и животниот стандард на Украинците.

Слични содржини