Декодирајте ги еротските соништа

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Сексуалните соништа се доста попосакувани од кошмарите, но понекогаш можат да предизвикаат сериозна конфузија и двоумење. Не брзајте со заклучоците, бидејќи ако сонувате дека водите љубов со поранешниот или со газдата, тоа практично не значи дека доживувате привлечност кон овие мажи.8b08f7bbe7d13d53712480f69685a089

Според експертите ликовите во вашите соништа откриваат длабоки копнежи или стравови.

Еве и како да ги декодирате:

Секс со поранешниот

Често екс партнерите се поврзани со некој дел од животот и душевната состојба. Ако на пример сонувате дека водите љубов со училишната љубов, тоа значи дека сте носталгични по оние безгрижни моменти во тинејџерските години.

Ако на сон сте со дечкото од факултет пак тоа сугерира дека копнеете повторно за онаа слобода во студентските години.

Лошото момче во животот ви е знак дека ви се прави нешто диво и т. н.

Секс со славна личност

Тоа не е воопшто необично – сепак овие мажи се убави, талентирани, богати и познати. Насочете се кон сферата во која предметната личност е блескава. Ако спиете на сон со романтичен музичар, најверојатно имате потреба од повеќе романтика и нежност. Ако е акционен херој, барате сигурност и заштита.

Секс со човек кого го мразите

Дефинитивно е збунувачки! Често сличен сон значи дека сепак сте пронашле нешто интересно што го цените во предметната личност и можеби треба да го преиспитате својот однос кон него.

Слични сништа со роднини не се знак на инцест, туку на желба да ги зголемите семејните врски.

Секс со жена

Опуштете се, не сте лезбејка! Сексот со личност од ист пол значи дека ви е потребно повеќе разбирање во врската и од околината.

Секс со странец

Жешките милувања со мистериозен маж, значат дека се потребни промени. Нешто да го раскрши досадното секојдневие. Поработите и на тоа како да ја зголемите страста во сопствената врска.