Дел од улица „Бутелска“ утре без вода

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Дел од жителите на улица „Бутелска” во текот на утрешниот ден ќе има прекинато водоснабдување поради дефект на затворач ф-100 милиметри, известуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација” Скопје.

– Ве известуваме дека на ден 04.01.2023 поради дефект на затворач ф-100 милиметри на улица „Бутелска” бб (во близина на расадникот Радишани), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица „Бутелска” – парните краци 2, 4 и 6 и непарните од број 1 до 21, велат од претпријатието.

Оттаму информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Слични содржини