Дел Торо ќе предава филмска уметност во Гвадалахара

од Vladimir Zorba
288 прегледи

2018-та е исклучително успешна за мексиканскиот режисер Гилермо дел Торо. Двата „Оскари“ за неговиот филм – „Формата на водата“ – зборуваат доволно.

Дел Торо, сепак, одлучи да охрабри повеќе сограѓани да се вклучат во кино-бизнисот. 53-годишниот режисер планира да создаде специјални часови за филмска уметност во неговиот роден град Гвадалахара. А секоја година најдобрите ќе добиваат стипендија од 60.000 долари, за да имаат можност да учат зад граница, пишува магазинот „People“.

Откако доби „Оскар“ за најдобар режисер, Гилермо дел Торо вети дека ќе се прибере во својата татковина, бидејќи не го правел тоа доста долго време, а и за да отвори театар, кој ќе го носи неговото име.

Слични содржини