Делчевец доби кривична пријава – се заканувал на поранешната сопруга, ќерка си ја навредувал

од desk2
12 прегледи

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.С.(51) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Пријавениот, преку мобилни апликации и на меил, подолг период испраќал пораки со заканувачка содржина на неговата поранешна сопруга, а истовремено на неговата малолетна ќерка и пишувал пораки со навредувачка и вулгарна содржина, соопшти МВР.